Бојко Борисов: Договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедските односи

Договорот за пријателство меѓу Бугарија и Северна Македонија е пример за градење на добрососедските односи во регионот, истакна претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов на денешната средба со премиерот Зоран Заев, одржана на маргините од Самитот на земјите од Западен Балкан што се одржува во полскиот град Познањ во рамки на Берлинскиот процес.

„Државите од Западен Балкан треба да вложат максимални напори за развој на односите со своите соседи од ЕУ. Несомнено еден од најдобрите примери за тоа е договорот меѓу Софија и Скопје што ја отвори можноста за отворање на преговорите со Северна Македонија за членство во Унијата“, рече Борисов.

Двајцата премиери разговарале за билатералните односи и за предизвиците со кои се соочуваат двете земји. Заев и Борисов се согласиле дека Договорот за пријателство и добрососедство дале голем поттик за развивање на партнерството меѓу двете земји, пренесува БГНЕС.

„Отворивме перспектива за граѓаните на Република Северна Македонија и создадовме предуслови за потпишување на Договорот од Преспа“, истакна бугарскиот премиер.

Премиерот Зоран Заев изјави дека без лидерството на Борисов не би бил можен Договорот за добрососедство. Тој го покани Борисов заедно да ја одбележат втората годишнина од неговото потпишување на 1 август и заедно да се поклонат пред споменикот на Гоце Делчев.

„Уште еднаш примете ги моите чувства на пријателство и признание кон нас и кон Бугарија“, кажа Заев.

Борисов се осврна и на работата на Мешовитата комисија за историски прашања. Посочи дека бугарската страна уште од 1992 година настојува „за објективно претставување на историските факти“. – Задоволни сме што постепено, а се надеваме и трајно, вистината за заедничката историја вклучително и за Гоце Делчев почнува да се кажува јавно од политичари на највисоко ниво во Република Северна Македонија, како на пример претседателот Стево Пендаровски, истакна Борисов.

Тој најави дека ќе има средба со Пендаровски следната недела во Сараево на состанокот на ПСЈИЕ.

„На ниво на премиери шефови на дипломатии има меѓусебна доверба, но сега треба да работиме за доверба меѓу администрациите и комисиите за да добиеме  резултат. Нужна е нова динамика во работата на Комисијата која ќе доведе до брзи резултати до крајот на годинава во однос на прашањата како што се Илинденско-преображенското востание, Гоце Делчев и др“, изјави Борисов.

Премиерот Заев го информира Борисов дека е одобрено поставување споменик на полковник Константин Каварналиев во Дојран. Заев очекува во текот на октомври двете земји заеднички на највисоко ниво да ја одблежат 1005-годишнина од смртта на Цар Самоил.

За време на средбата, двајцата премиери се согласија дека тоа е доказ за ефикасното исполнување на преземените ангажмани од страна на владите преку Протоколот од 10 јуни, потпишан за време на првиот состанок на Меѓувладината комисија.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе