Борисов до Османи: Да се подготвиме на преговори со разум, а не со емоции

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата со македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи што се одржа на софискиот аеродром порача двете земји да се подготват за преговори засновани на разум, и да се решат сите противречности меѓу Македонија и Бугарија.

Борисов, кој на својот Фејсбук профил објави и дел од неговата изјава, вели дека несогласувањата треба да бидат надминати, бидејќи „следните генерации нема да ни простат што сме ја пропуштиле оваа голема можност“. Според него, не смее да биде забавено интегрирањето на Северна Македонија и Албанија во ЕУ и токму поради тоа е потребно надминување на несогласувањата меѓу Софија и Скопје.

„Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори за разум, а не за емоции, за да можат нашите соседи да бидат во Европската унија. Геостратешката цел на Бугарија е ова, прашањето е да се најде политичка волја, а двете земји треба да чекорат по патот на дипломатијата и разбирањето.

Хероите кои го дале животот за слобода, не смее да бидат темата која ќе не разделува, бидејќи нивниот најдлабок сон бил да бидеме заедно и затоа ги дале своите животи. Тие треба да бидат мост на пријателство, а не на разединување“, рече Борисов.

Османи, пак, изјавил дека треба што е можно побрзо да се одржи состанокот на меѓувладината комисијата, за да се направи пресек на она што досега е исполнето од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Тој уште кажа дека пред две недели на истата локација се сретнал со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, со која заклучиле дека фокусот во моментов треба да биде на секторската соработка, враќањето на довербата и што е можно поскоро одржување на состанокот на меѓувладината комисија, која согласно Договорот е предвидено да се состанува еднаш годишно со цел да се сумира она што е исполнето од Договорот.

„Го договоривме акцискиот план, потребен е само извештај од Комисијата за историски прашања. Треба што побрзо да се состане меѓувладината комисија, да се направи пресек  да кажат толку и толку е направено минатата година, толку ќе направиме следната година. За тоа се чека и извештај од Заедничката македонско-бугарска комисија и тој се подготвува. Очекувам од ваша страна, но и од наша страна што поскоро да се усогласи терминот и содржината на средбата на меѓувладината комисија. Ако се врати довербата мислам дека полесно ќе можеме да разговараме за сите други прашања за кои имаме разлики“, му порача Османи на Борисов.

На средбата Борисов ја потврдил принципиелната поддршка за европската интеграција на Македонија со исполнување на соодветни услови и ја нагласил потребата од целосно спроведување на Договорот за добрососедство. Исто така, упатил посебни поздрави до премиерот Зоран Заев и до претседател Стево Пендаровски.

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе