Брисел

Борел: Стратешкото партнерство со Бајден за резултати и на Западниот Балкан

Европската Унија е подготвена да го обнови стратешкото партнерство со новиот американски претседател Џозеф Бајден со цел да постигне резултати во одржување на мирот и безбедноста од Западен Балкан до Источен Медитеран и Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

„Нема сомнение дека САД играат суштинска улога во зачувувањето на мирот и безбедноста, и на европските, и затоа мора да работиме заедно на многу места на нашиот континент“, рече шефот на Европската служба за безбедност и меѓународни односи.

Борел рече дека ЕУ и САД, „како глобални партнери, мора да го продлабочат дијалогот и соработката во сите области, вклучително и заживување на нуклеарниот договор со Иран и во поширокото поле на контрола на неширењето на вооружувањето, а наскоро ќе почне и за сите прашања во односите со Кина“.

Тој истакна дека „силната и способна Европа не е ривал во трансатлантскиот сојуз, туку предуслов за тоа“ и оти зајакнувањето на одбранбените способности на членките на ЕУ „го зајакнува тој сојуз и придонесува за поделба на трошоците од двете страни на Атлантикот“.

Борел рече дека „технологијата сега е дел од надворешната политика“ и повика на развој на заедничка високотехнолошка програма ЕУ-САД, воспоставување јасни правила и одговорности за најголемите светски мрежни платформи, „фер оданочување“ и спречување на „нарушувања на пазарот“.

Борел посочи дека Бајден, стапувајќи на должноста во Белата куќа, се фокусирал на „заздравување на поделената нација“ и порача дека САД „ќе играат водечка улога во светот не со примерот на својата моќ, туку со силата на својот пример … дека сакаат да го поправат нашето сојузништво“.

Борел потсети дека трансатлантскиот сојуз ги обликуваше светските односи и поредокот повеќе од кое било друго тело.

Според него, ваквиот сојуз ЕУ-САД е „важен не само за безбедноста и благосостојбата на двете страни на Атлантикот, туку и за одржување на светскиот поредок заснован на демократија, владеење на правото и мултилатерализам“.

Тој рече дека „ЕУ и САД мора да влечат сè во иста насока при решавањето на растечкиот број конфликти и геополитички тензии, со цел да се воспостават заеднички норми за 21-от век и да се обликува и зајакне мултилатералниот поредок“. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе