недела, 14 декември 2025

Борел по средбата со Ковачевски: Не можам да ви ветам датум за преговори, но можам да ви ветам волја

Објавено на

часот

Сподели

На заедничката прес-конференција тој повтори дека почетокот на преговорите со Македонија и со Албанија е приоритет, но без никаква најава дали тоа може да се очекува на самитот во јуни и покрај инсистирањето на Ковачевски дека војната во Украина бара стратешки одлуки од страна на Унијата и дека одлуката да почнат преговорите со нашата земја треба да биде донесена што поскоро.  

„Ова е момент на будење за Европа, момент кога треба да заживее процесот на проширување со земјите од Западен Балкан. Знам дека имате одредени очекувања и со право. Треба да почнеме формално преговарање за пристапување на Северна Македонија и Албанија што поскоро и се надевам дека тоа ќе биде можно на следната меѓувладина конференција“, рече Борел.

Тој изјави дека Македонија и целиот регион се стратешки приоритет и ЕУ е посветена европската перспектива за овие земји да ја направи реалност. Истот така, го поздрави новиот импулс меѓу Македонија и Бугарија, нагласувајќи дека ги поттикнува двете страни да најдат заемно прифатливи решенија и да ги разрешат билатералните прашања зашто „проширувањето не може да продолжи ако е попречено од билатерални прашања“.

„Сосема го разбирам разочарувањето што многумина го чувствуваат овде во Северна Македонија. Доаѓам од Шпанија која исто така мораше долго да чека. Но, ќе повторам дека преговорите за пристапување со Македонија и со Албанија се висок приоритет за ЕУ и постојано проценуваме дека земјата е подготвена да ги започне. Тоа не е реторичка изјава туку цврста проценка и заложба, всушност изјава за намера која вели дека тоа е приоритет за нас. Одлуките на владата на Северна Македонија ја поврзуваат уште повеќе земјата со ЕУ, но постои проблем и вие знаете кој, што се обидуваме да го решиме со сите наши капацитети за наговарање и уверување. Еврокомесарот Вархеји е целосно вклучен во овој процес и разговараме со Бугарија сѐ додека не се се разреши ова прашање. Позитивно е што гледам многу подобро сега дека меѓу двата премиера има поцврста волја да се постигне решение. Билатералните прашања не смеат веќе да загрозуваат никаков процес на пристапување, дури и кога се засновани на етничко-лингвистички разидувањеа“,рече Борел. 

Тој ги повтори и задачите што ѝ претстојат на Македонија.

„Паралелно, реформите на Северна Македонија во владеењето на правото, борбата против корупцијата, дигиталната трансформација и зелената агенда ќе овозможат брз прогрес кон преговорите. Сите актери треба да соработуваат за унапредување на европската реформска агенда како најбрз начин земјата да напредува на европската патека“, изјави тој.

Борел ја поздрави и позицијата на земјава во однос на руско-украинскиот спор, застанувајќи зад санкциите и осудувајќи ја агресијата на Русија врз Украина. Според него, се работи за варварски напад од Путин врз украинскиот народ.

„Одлуката да се усогласите со рестриктивните мерки, јасно ја покажува вашата посветеност кон вредностите на ЕУ и ве става на патот кон Европа не само како кандидатка за членство, туку и како одговорен член на меѓународната заедница зашто ова за што зборуваме е морален избор, а не избор поради калкулации. Јас сум сигурен дека ова го решавате врз основа на моралните принципи“, рече Борел и најави нов, четврти пакет санкции за Русија.

Премиерот Ковачевски, пак, порача дека местото на нашата земја е во ЕУ, со надеж дека наскоро ќе се добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ.

„Решението на прашањата со Бугарија треба да бидат во духот на европските вредности и одлуката треба да биде прифатена од сите земји членки. Разговарав со Борел и добивме уверување дека разговорите ќе ги пренесе во ЕК, за Северна Македонија и Албанија час поскоро треба да отпочнат преговори за членство во ЕУ. Нашето место е во ЕУ, членството во ЕУ дава економски бенефит за граѓаните, ја засилува безбедноста“, рече Ковачевски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ