ПОПЛАДНЕВО

„Бомбите се нашата вистина“: неколку стотици граѓани на протест пред Собранието (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Неколку стотици граѓани попладнево излегоа пред Собранието на Република Македонија за да го изразат својот револт поради предлог-законот на владејачките партии објавувањето и располагањето со материјалите од прислушуваните разговори да бидат казниво дело.

 

Со пароли „Цензурата е забранета“ в раце, присутните порачаа дека предлог-законот е озаконување на цензурата, па во знак на протест на разглас се пуштаа снимки од прислушуваните разговори, кои ги инкриминираат владејачките партии.

Протестот, кој помина мирно, беше организиран од граѓанското движење „Ајде!“.

Организаторите и присутните побараа предлог-законот да биде повлечен, зашто бомбите се сведоштво за она што ни се случувало во изминатите девет години.

„Немам намера да ја уништам папката, имам намера да ја тужам власта. Законов треба да се повлече и да се исполни договорот од Пржино и да поднесат оставка! Нема правда, нема мир! Имаме право на слободно информирање и изразување, а тоа право е повредно и повисоко од која било политичко-фашистичка сила претставена преку бројка на пратеници. Во членот 16 од Уставот на Република Македонија пишува дека се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата“, рекоа од „Ајде“.

Насобраниот народ смета дека овој закон е противуставен, а со него се прави обид за затрупување на вистината, бришење на колективната меморија, но и амнестија од (зло)делата за кои слушнаа и дознаа илјадници граѓани.

Некои од демонстрантите ја истакнаа и иронијата што во Македонија за убиство некогаш се добиваат 4 години затвор, а објавувањето материјали во медиуми се предлага да се казнува и со 10 години затвор.

ДУИ е дел од влада која, дел поради пандемијата, а дел поради непостоење на политичка волја за реформирање на системот и искоренување на корупцијата и организираниот криминал создаде назадоволство кај граѓаните.

повеќе

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе