Предвремени парламентарни избори

Богојески: Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата кое треба да се зачува

Чаршијата е единственото автентично нешто што остана од Скопје. Старата скопска чаршија е срцето на градот. Старите занаетчиски дуќани се обележјето на чаршијата.  За жал, сѐ помалку луѓето го ценат занаетот. Без љубов, нема занает. Бара многу време, многу влог, но обезбедува егзистенција. Одржувањето на вековните занаети на златари, чевлари, ткајачи, кожари, плетачи се на работ на изумирање. Денес вредните занаетчии можеме да ги изброиме на прсти, изјави Петар Богојески носител на листата во ИЕ1 на платформата Македонски концепт.

„Старата чаршија е најчестата дестинација за странските туристи кои го посетуваат Скопје, како и за локалното население. Потребна е вистинска помош од државата преку субвенционирање на занаетчиството и занаетчиите, како и програми за поттик и поддршка на младите со што ќе се насочат кон изучување и продолжување на традицијата на овие прекрасни занаети. Занаетчиството е потреба на граѓаните, но и придобивка за македонското стопанство”, рече Богојески на средбите во ќаршијата.

„Старите мајстори од чаршијата со кои разговаравме денеска посочија дека не им е доволна поддршката што ја добиваа досега како и потребата од квалификуван кадар кој може да ги наследи. Ние од Македонски концепт се бориме да ги насочиме младите кон вистинските вредности на оваа држава, зачувување на чаршијата и нејзините вековни традиции, задржување на младите кадри овде во Македонија, насочување на нивните таленти и нивно дообразување. Занаетчиството е една од тие области на кои ќе посветиме особено внимание”, додаде Богојески.

 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе