Предвремени парламентарни избори

Богојески: СДСМ и ДПМНЕ упорно ја лажат јавноста дека Заев ќе донесе правда, а Мицкоски ќе го „реши“ Заев

Изминативе 30 години се изнаслушавме безброј лажни ветувања од левичарите и десничарите, а ветувањата се потполно исти.  Лидерите на двата политички блока СДСМ и ДПМНЕ упорно ја залажуваат јавноста дека Заев ќе донесе правда и ќе го врател Груевски, додека пак Мицкоски ќе го реши Заев. Слушнавме ветувања за правда, за подобар живот, за повисоки плати, за подобра социоекономска положба, за казнивост на политичарите, политичка одговорност, но не добивме ништо, рече денеска Петар Богојески од Македонски концепт.

„Можам само да констатирам дека нема разлика помеѓу господин Заев и господин Мицкоски, со една забелешка дека Мицкоски е најдобриот лидер на опозиција, но само за Заев, а не и за Македонија. Сите ние сакаме промена на власта во Македонија, но тоа нема да се случи ако гласате за Мицкоски и нема да биде симната елитата која 30 година го прави истиот со нашата држава“, изјави тој.

Богојески, инаку носител на листа во Изборна единица 1, во обраќањето го повика министерот Никола Димитров да ѝ каже на македонската јавност каде се гаранциите од Преспа за европската интеграција на Македонија, а се обрати и до Гордана Сиљановска-Давкова.

„Македонскиот народ сака да знае и што направи госпоѓа Сиљановска – Давкова во последниве 30 години како министерка и универзитетски професор за правото и правдата во земјава? Дали со личен пример покажа дека министрите треба само да се богатат и тоа ли се тие право и правда за кои се залага Обновата? Дали е свесна госпоѓа Давкова во чии раце е денес и за кого работи во палатата и што ѝ е задачата? Дали да се врати бандитизмот во земјава е нејзината визија за право и правда?”, изјави Богојески.

Тој додаде дека Македонски концепт се залага за казнивост на политичарите, политичка одговорност, кривично дело- лажно политичко ветување и финансиска лустрација на политичарите, функционерите и сите што се на јавни функции. Со вакви закони, како ѓто кажа, ќе дојдеме до вистински граѓански парламент кој што ќе работи во функција на граѓаните и само за интересите на граѓаните.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе