Богојески: Ме уценуваат и ми се закануваат луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и приврзаници на Каракачанов

Промоторот на Македонски концепт, Петар Богојески вели дека подолг временски период е предмет на уцени и дека добива закани од претставници на ВМРО-ДПМНЕ и блиски приврзаници на Каракачанов.

На неговиот Фјсбук профил Богојески напиша дека заканите и уцените се координирани „од страна на еден македонски олигарх, кој плаќа бугарски и македонски политичари, со цел да биде заштитен од политички прогон во Македонија”.

Тој ги наведува барањата што му биле упатени.

„Да ја поддржам официјалната позиција на Бугарија по македонското прашање, со која ќе се уценува и спречи влезот на Македонија во ЕУ, што е стратешка цел на болшевиците од ДПМНЕ и БНД! Едните ќе бидат херои во очите на бугарските националисти, а другите ќе докажат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ и покрај промена на име, без да се избрише идентитетот на Македонците! Тоа е брак од интерес на двете ‘партии’, координирани од ист московски центар, кои носат предзнак ВМРО и го злоупотребуваат историското значење на Организацијата! 

Да се откажам од тврдењето дека македонско - бугарските односи се заложник на мафијата и да престанам да ја известувам јавноста за игрите околу ‘конзулот’! 

Да се откажам од барањето да се заштити ВМРО од политичка злоупотреба и во Македонија и во Бугарија, преку заклучок на историската комисија на двете земји! 

Да се повлечам од барањето за реформи, а сега и за редефинирање на ВМРО-ДПМНЕ и да го поддржам Мицкоски да остане лидер на партијата! 

Да престане да постои Македонски концепт, а во понатамошното политичко дејствување да му дадам поддршка на Мицкоски!”, напиша Богојески. 

Тој додава дека ги отфрлил сите барања.  

 

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе