Собрание

Богоевски побара да се одложи расправата за разрешување на Груевски

Павле Богоевски, пратеник и претседател на собраниската Комисија за мандатно имунитетни работи, иако најпрво изјави дека в понеделник ќе се одржи состанокот за разрешување на пратеникот Никола Груевски, тоа денеска го одложи.

Тој побарал состанокот да се одложи на неколку дена. На пратеникот Никола Груевски, по шестмесечното неоправдано отсуство, му следува разрешување.

Според Деловникот рокот за одржување на седницата на комисијата истекува првите денови од јуни.

Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Богоевски по отворање на скандалот со неговата наводна набавка на кокаин или масло од канабис за медицински цели.

Претседателот на Собранието Талат Џафери не ја прифати иницијативата на 8-те независни пратеници доброволно да се спроведе нарко тестирање на народните избраници.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе