Богоевски на Фејсбук: Вредностите се над функцијата

Пратеникот Павле Богоевски, откако денеска на Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања, со која претседава тој, информира оти поднесува оставка, попладнево се огласи и на својот фејсбук-профил, нагласувајќи дека вредностите се над функцијата.

„Друштво, Ви благодарам на честа, овие две години да ви служам вам и на нашата држава најдобро што знам и умеам. Вредностите се над функцијата. Сега и секогаш“, наведе во постот Богоевски.

На денешната седница на собраниската Комисија требаше да се расправа за одземање на мандатот на експремиерот Никола Груевски. Богоевски рече дека оставката ќе ја активира откако на пленарна седница ќе му биде одземен мандатот на Груевски, а седницата на собраниската Комисија по ова прашање ќе ја презакаже.

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе