По неповолниот извештај на УНЕСКО

Бочварски: Ако не можат локалните власти, Владата ќе сработи за да го заштити Охридскиот регион

.Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни, за да им служат, но доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако тука е централната влада да ги преземе сите чекори и да не да дозволи загрозување на статусот на Охридскиот регион пред УНЕСКО, изјави министерот за транспорт и врски Бочварски.

Министерот Бочварски најави дека информацијата со препораките oд нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охридскиот регион и препораката да биде впишан на Листата на светско културно и природно наследство во опаснос, тќе биде разгледана деновиве на седница на Влада и на координација на ресорните министерства и локалните самоуправи.

„Се согласувам дека не треба да дозволиме да дојде последниот момент, извештајот е испратен, сега го разгледуваме, во комуникација сме и Министерството за култура ќе биде во комункација со УНЕСКО. Ќе постапуваме по препораките, а што значи тоа да постапуваме ќе видите во наредниот период", рече Бочварски.

Тој повтори дека Министерството нема можност да навлегува во ингеренците на општините во постапувањето по дивоградбите, но посочи дека со оглед на важноста на прашањето ќе се разгледаат сите опции.

„Посакувам ова да се реши преку меѓусебна координација на сите инстанци. Граѓаните бираат власти на избори, без оглед на тоа дали се локални или централни, за да им служат, доколку властите не ги почитуваат основните препораки секако овде е централната влада да ги преземе сите чекори, но нема да дозволиме загрозување на статусот пред УНЕСКО", рече Бочварски.

Владата, како што рече, ќе ги преземе сите потребни чекори и мерки во насока на заштита на Охридското крајбрежје.

„Потребна е силна координација помеѓу централните локалните институции кои што имаат свои ингеренции во справување со одредени состојби како решавање на дивоградбите. Ние тука сме вклучени и даваме поддршка, кон крајот на минатата година издвоивме шест милиони денари за поддршка на општина Охрид за решавање на дивоградбите, а во планот за оваа година преку наши средства од Министерството ќе работиме на решавање на урбанистичкиот план на охридското о крајбрежје со што му помагаме на Охрид да го реши урбанистички крајбрежјето и сѐ она што е надвор од таа зона или влегува блиску до појасот на езерото ќе мора да биде веднаш отстрането. Ја даваме целата наша поддршка и ги опфаќаме сите аспекти, но овде е потребна силна координација на сите нивоа на власта. Ќе продолжиме со координација, ние деновиве ќе ја рагледуваме оваа информација и со ресорните министерства и со култура и на ниво на Влада", наведе Бочварски.

Тој информираше дека државата ги пренаменила парите за изградба на автопатот Струга-Требеништа и за експресниот пат Охрид-Пештани, со цел, како што рече, да не се доведеме во ситуација да го загрозиме статусот на Охрид во УНЕСКО. Во однос на железничката пруга Кичево-Лин првата делница е целосно одбрена и нема никави забалешки од УНЕСКО, а за втората делница вети дека ќе се работи на зебелешките да се измести трасата со цел од Радожда до Струга да не се направиме некаков проблем во изградбата на пругата.

Инаку, на прес-конференција на која говореше и директорот на „АД за стопанисување со станбен и деловен простор“ Кристијан Трајковски, беше најавено дека е во план изградба на пет згради во неколку градови со над 200 станови наменети за ранливи категории на граѓани.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе