Блупринт групата реагира: Предлог-законот за Јавното обвинителство е донесен избрзано

Последното законско решение за Јавното обвинителство, според Блупринт групата за реформи во правосудството, е донесено избрзано, без нивна консултација и во договор само меѓу партиите. За случајот „Рекет“ сметаат дека според гласините што се шират во јавноста за неговите дејствија, не е во согласност со законот за кривична постапка.

Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права на Македонија, денеска на прес-конференција рече дека за разлика од претходните нацрт-решенија за Јавното обвинителство, за ова Хелсиншкиот комитет не бил консултиран.

„За последното законско решение не бевме запознати, тоа дојде некако преку ноќ, во летен период, а се предвидува законот да се носи и во скратена постапка. За вакви работи ние минатите годни бурно реагиравме, ваков закон не може да се носи по скратена постапка, ваков закон не треба да биде резултат на политички преговарања помеѓу партиите. Она што за нас е најважно е да се покаже вистинска волја дека оваа Влада ќе се бори против корупцијата. Без оглед на тоа каков закон ќе се донесе, доколку не постои таква волја ние нема да можеме да се справиме со феноменот на неказнивост, феномен кој се провлекува години наназад кој беше главна карактеристика во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Пировска.

Во однос на предметот „Рекет“, Пировска вели дека се отвора простор да се провери дали органите на прогонот сакаат доследно да го истераат до крај.

„Загрижува тоа што во јавноста се шират информации за дејствијата кои се преземаат, а според наше мислење, не се во согласност со законот за кривичната постапка, притоа секако дека го загрозува и принципот за презумпција на невиност за кој ние многу се залагавме и реагиравме кога се случуваа спектакуларните апсења во времето на владеењето на Груевски“, порача Пировска.

Таа нагласи дека Хелсиншкиот комитет ги охрабрува органите на прогонот да продолжат со истрагата, но, и да водат сметка да не изнесуваат информации кои се контрадикторни и притоа предизвикуваат правна несигурност кај граѓаните.

Во однос на последните случувања од истиот предмет на ОЈО, во кој беше споменувана и обвинтелката Катица Јанева, Пировска рече дека не смета оти евентуалната инволвираност на специјалната јавна обвинителка треба да го наруши целосно кредибилитетот на институцијата.

МИА

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе