Американската амбасадорка во Скопје

Бирнс: Ви благодарам, Никола Димитров, за прославата на годишнината на Стејт департментот и дипломатските односи

Ви благодарам, Никола Димитров и Министерство за надворешни работи, што ни бевте домаќин денес на прославата на 230-годишнината од Стејт департментот и 25-те години американско-македонски дипломатски односи, напиша денеска амбасадорката Кејт Бирнс на Твитер.

„Со нетрпение го очекувам понатамошното партнерство и соработка меѓу нашите земји“, додаде амбасадорката.

„Ги славиме 230-тата годишнина од постоењето на Стејт департментот со американската амбасада и постојаното пријателство и блиска соработка меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави! Среќен роденден!“, напиша претходно амбасадорот Димитров.

На 27 јули годинава Стејт департментот наполни 230 години. Тој е најстарата американска извршна агенција, создадена во 1789 година и во прво време нарекувана Министерство за надворешни работи. Томас Џеферсон беше првиот државен секретар.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе