Австриската канцеларка

Бирлајн: Разговарав со Заев и Рама, тие се разочарани, ги уверив дека и понатаму ќе ги поддржуваме

Австриската канцеларка Бригите Бирлајн е разочарана што на Самитот на ЕУ не е донесена одлука за почеток на пристапните преговори на Албанија и Северна Македонија, истакнувајќи дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, ниту за безбедноста во регионот.

„Тоа е за жалење. Австрија и другите земји се залагаа за почеток на пристапните преговори“, кажа Бирлајн пред почетокот на вториот ден од Самитот во Брисел.

Таа смета дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите на ЕК и дека имаат право на пристапни преговори.

„Одлуката не е донесена поради одредени држави. Сметам дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата“, како и за безбедноста во регионот, порача Бирлајн.

Таа, наведе, дека денеска разговарала со премиерите на Северна Македонија и Албанија кои и пренеле дека се разочарани.

„И тие се многу разочарани. Ги уверив дека и понатаму ќе ги поддржуваме“, кажа Бирлајн.

Одлуката за пристапни преговори со Северна Македонија не е донесена поради, како што пренесуваат австриските медиуми, противењето на претседателот на Франција Емануел Макрон, а Албанија ја „блокирале“ премиерите на Данска и Холандија, Мете Фредериксен и Марк Руте.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе