Бибер: Францускиот предлог е катастрофа за проширувањето

Францускиот предлог за кревање на бугарското вето и почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ е катастрофа за проширувањето, и иако изгледа добро за ставање крај на ветото, крие многу опасности, оценува експертот за Балканот и професор за политика и историја на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер.

Бибер на Твитер објави шест точки зошто смета дека предлогот не е добар и кои се опасностите што ги носи.

1. Го вклучува билатералниот спор во преговарачкиот процес на ЕУ, давајќи им легитимитет и охрабрување на идните членки на ЕУ да ги блокираат земјите кандидати.

2. Значително се приближува до бугарските барања отколку до позицијата на Македонците, па затоа не е избалансиран.

3. Ја прифаќа националистичката логика на бугарската влада која сугерира дека постои прашање за дискриминација на Бугарите во Северна Македонија.

4. Игнорира дека проблемот е (делумно) создаден од ЕУ. Десетици илјади  македонски граѓани добија бугарски пасоши бидејќи се ЕУ-пасоши, не затоа што тие се Бугари. Барањата на граѓаните да бидат граѓани на ЕУ (да работат) се злоупотребени од Бугарија за да тврди дека тие се „етнички“ Бугари.

5. Ги билатеризира и дискредитира механизмите за вистински малцински права.

6. Нема да добие доволна поддршка во Северна Македонија и нератификувањето на договор ќе се толкува како неуспех во Северна Македонија, а не како неуспех на бугарските националистички барања.

Наместо лесен излез, францускиот предлог дополнително ќе го наруши угледот на ЕУ и ќе го закопа процесот на проширување“, напиша Бибер.

 

 

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе