БГНЕС: Властите во Скопје наредија претрес во културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на  Македонија ќе изврши претрес во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола, за што бил информиран претседателот на здружението, Љупчо Георгиевски, објави БГНЕС.

Георгиевски официјален допис добил вчера, а во писмото од Комисијата за антидискриминација се вели дека на 4 август ќе се изврши увид во просториите на Центарот за култура и се предупредува дека на службените лица мора да им се овозможи пристап.

Во писмото се прецизира дека според Законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата може да изврши преглед на документацијата и на просториите, како и да бара и собира копии од документи поврзани со конкретен случај и дискриминаторски практики, почитувајќи го правото на приватноста.

Во текстот на БГНЕС се потсетува дека отворањето на бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ во Битола во април предизвика бран на негодување кај македонската политичка елита, која ја обвини Бугарија за провокација поради несоодветниот избор на името на клубот. „Од страна на многу политичари и јавни личности дури имаше повици за суспензија на Договорот за добрососедство и соработка“, пишува во текстот во кој се цитира премиерот Димитар Ковачевски, кој на 21 април изјавил дека во рок од неколку денови ќе бидат преземени чекори во врска со регистрацијата на граѓанското здружение „Иван Михаилов“ и отворањето на културниот центар со тоа име во Битола. 

Според него, се работеше за провокација која кај луѓето ги разбуди духовите од минатото кога станува збор за човек што бил соработник и на хитлерова Германија и на Италија на Мусолини и на НДХ на Анте Павелиќ.

Подоцна, на 4-ти јуни, пејачот Ламбе Алабаковски ја запали влезната врата на бугарскиот клуб и беше приведен откако самиот се предаде во полициска станица, но набрзо беше ослободен. 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе