Без преговори за членство, нема ни кредибилитет на ЕУ во регионот, порача Димитров од Љубљана

Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров денеска од Љубљана предупреди дека ако нема придвижување во пристапниот процес ќе биде многу тешко Европската Унија да го зачува кредибилитетот во регионот на Западен Балкан после толку многу одложувања.

На заедничката прес-конференција со словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар, Димитров потсети дека оваа година земјава одбележува две децении од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ во 2001, и дека 16 години сме земја со статус кандидат за членство.

„Го решивме проблемот со Грција, чекавме на новата методологија за да се зајакне довербата во пристапниот процес и пред нас сега е овој, се надевам последен предизвик со нашите комшии од соседна Софија“, рече Димитров.

Тој објасни дека нашата стратегија се темели на три столба-разговор и наоѓање заемно достоинствено и европско разбирање со Бугарија, реформи дома и помош и поддршка од нашите пријатели како што е Словенија. Димитров го информирал Логар дека Владата ја усвои Агенда: Европа дома насочена кон конкретни реформски активности на повеќе надлежни институции фокусирани на првиот кластер од новата методологија  Основи, бидејќи целта на пристапниот процес е воведување на европските стандарди дома.

На средбата во Љубљана, Димитров кажал дека како иден претседавач со Унијата, Словенија има одлична можност во многу критичен момент за нашата европска иднина уште еднаш да ја демонстрира оваа поддршка на дело.

Словенечкиот министер Логар изјави дека со Димитров имале продуктивен разговор за пристапувањето на Македонија во ЕУ и она што Словенија ќе го стави на агендата за време на нејзиното претседавање со Унијата.

„Реформите за Северна Македонија се значајни и таа има поддршка за почеток на преговорите за членство кон ЕУ. Неформалната средба на врвот на ЕУ со државите од Западен Балкан секако ќе биде показател за тоа“, рече Логар.

Тој додаде дека со Димитров разговарале за почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, како и за самите реформи што треба државата да ги забрза, истакнувајќи дека Словенија и натаму ќе продолжи да дава поддршка за почеток на преговорите со ЕУ.

Логар исто така информираше дека она што ќе биде значајно за време на претседавањето на Словенија ќе биде конференцијата за иднината на Европа во широка смисла, а меѓу приоритетите ќе бидат здравствената криза, здравствената грижа и кибер безбедноста, што ќе бидат две главни теми на претседавањето на Словенија. 

Инаку, посетата на Димитров на Словенија се надоврзува на средбите во Германија, која како претходен претседавач со Европската Унија тесно соработува со Португалија и Словенија во рамките на актуелната тројка.  

 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе