Шефот на државата за референдумот на ВМРО-ДПМНЕ

Без Договорот со Бугарија нема ЕУ, без Преспанскиот ќе не снема од НАТО, смета Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски, како одговор на новинарско прашање поврзано со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за референдумско поништување на Договорот за пријателство со Бугарија од 2017 година, рече дека тоа би ја запрело европската интеграција на земјава. „Тоа би било исто како да веруваме оти може да го поништиме Преспанскиот договор со Грција, а да веруваме дека може да останеме членка на НАТО. Тоа не е можно", рече Пендаровски.

„Ова не е мој ад хок став, тоа е втемелено на аргументи и на процес на размислување до што сѐ може да доведе ако тој референдум биде успешен. Да нема некоја забуна, да повторам уште еднаш. Ако вие го оспорувате или се обидувате да го оспорите преку референдум билатералниот Договор со Бугарија и европските интеграции и преговори, тоа е исто како некој да ви каже дека можете на референдум да го оспорите или поништите Договорот со Грција – Преспа и да останете членка на НАТО. Тоа не е можно. Значи, да немаме илузии, билатералните договори со соседите и добрососедските односи како што ги именуваат во ЕУ, се еден од клучните предуслови, секогаш и биле, за интеграција на која било држава не само од овој регион, туку на целиот посткомунистички свет по 1990 година“, изјави Пендаровски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата со словачката претседателка Зузана Чапутова, повтори оти не може да разговараме за европски интеграции ако не сакаме да имаме договори за добрососедство со, како што посочи, првите, со директните комшии.

Во врска со тоа дали би иницирал средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски, чија партија покрена постапка за распишување референдум, претседателот Пендаровски истакна оти секој што посакал да разговара со него за кое било прашање, тоа го добил, и оти и тој како претседател иницирал средби и разговори со сите политички чинители.

„Останувам отворен за разговори за кое било прашање што ги тангира интересите на државата и пред се интересите на граѓаните. Меѓутоа, во однос на ова ваше прашање, мојот став е познат, а го соопштив вчера на македонската јавност“, рече Пендаровски.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ почна постапка за граѓанска иницијатива за собирање потписи за распишување задолжителен референдум. Референдумското прашање, како што најавија од партијата, ќе се однесува на Договорот за добрососедство со Бугарија што го склучија тогашните премиери Зоран Заев и Бојк Борисов, а кој, според ВМРО-ДПМНЕ, „е извор и почеток на сите проблеми за Македонија и основата по која потоа Бугарија ги темелеше своите максималистички барања и позиции".

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе