По одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за блокади во парламентот

Беса ќе блокира, Алијанса има работа во Собранието, Алтернатива предупредува на кризата

Алијанса за Албанците бара предвремени избори, наскоро ќе одлучува и за натамошните чекори, но во овој момент смета дека има обврска во собраниска процедура да воведе предлог-закони што ги смета за многу важни.  Движењето Беса ќе дејствува во насока да предизвика избори, сметајќи ја Владата за неспособна да се справи со предизвиците. Владејачката Алтернатива, пак, смета дека блокадата на Собранието што синоќа ја најави ВМРО-ДПМНЕ со цел да предизвика избори, ќе биде на штета на граѓаните и само ќе ја продлабочи кризата.

Фото: Роберт Атанасовски

Од партијата на Зијадин Села велат дека секој политички субјект има право да гради сопствена стратегија на дејствување, какво што право си даде и ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицковски.

Во изјава за МКД.мк пратеничката Илире Даути вели дека и Алијанса за Албанците има право нa самостојна политичка стратегија во Собранието на Македонија.

„Ние пратениците од Алијанса за Албанците овде во Собранието сме дојдени да започнеме собраниска процедура за два предлог-закони. Имавме конгрес, избравме партиски тела, а наскоро ќе одржиме и состанок на централното раководство, каде што ќе одлучиме за следните постапки. Од порано бараме и сега бараме предвремени избори, не само затоа што сме во oпозиција, туку затоa што сме убедени дека оваа власт не е способна да се справува со проблемите со кои се соочуваат граѓаните“, вели Даути.

Од Беса велат дека е спорен легитимитетот на Владата, спорен е и нејзиниот капацитет да се справи со кризата и дека поради тоа на секој можен начин ќе дејствуваат за да се оди на предвремени избори, а тоа значи и блокада на работата на парламентот.

„Легитимитетот на власта е спорен зашто се одржува со парламентарно мнозинство составено по пат на уцени врз пратеници, па и партии, од кои некои преку ноќ станаа партнери во Владата. Поради таквиот состав институциите се неефикасни и лошо управувани, кризата е продлабочена и затоа е важно час поскоро да се одржат избори и легитимитетот да произлезе од граѓаните“, вели  Елмедин Мемиши од Беса.

Од Алтернатива, партијата што стана дел од владата, за МКД.мк велат дека блокадата нема да им донесе корист на граѓаните, а само ќе предизвика продлабочување на кризата, која е последица на севкупната кризна состојба во светот. Од оваа партија се послужија со една албанска поговорка: „Не ни се дозволува при обид за средување на веѓите да ги загрозиме очите“, и додаваат:

„Ако постои некое големо прашање, што е во интерес на опозицијата, а за што власта нема слух, тогаш блокадата е добро демократско средство за постигнување на целта, но за нас не постои такво големо прашање што наметнува блокада како средство“, велат од Алтернатива за МКД.мк и додаваат дека секако дека е потребно да се работи за повеќе дијалог меѓу партиите, како што со дијалог и разбирање дејствува партијата во ресорите со кои управува.

На прашањето дали блокадата на Собранието, што ја најави ВМРО-ДПМНЕ, а се придружи Беса, може да доведе до избори, од Алтернатива велат дека не треба да се бега од избори, но дека за тоа треба да се има добар повод:

„Ако се согласуваме дека изборите се решение за надминување на кризата, нема да биде крај на светот ако одиме на нови избори. Но треба да се има на ум дека изборите, со својата кампања, ќе бидат своевидна нова дополнителна блокада на извршната власт и на крајот ќе констатираме дека не сме произвеле нешто посебно. Ако блокадата на Собранието се поставува како средство за предизвикување нови избори, тоа може секој уште утре да го прави и притоа државата постојано да стои на стаклени изборни нозе“, нагласуваат во Алтернатива и за МКД.мк велат дека во политичката борба постојат и други средства, но дека блокадата ќе внесе нова неизвесност во земјава во време на незавршена пандемија и последици од глобалната економска, енергетска и безбедносна криза.

П. Џамбазоски

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе