Собрание

Беса и Алијансата за Албанците најавија нови амандмани на Уставот

Албанските опозициски партии, Беса на Биљал Касами и Алијансата за Албанците најавуваат дека до Нова година ќе поднесат нови уставни амандмани за закажаната собраниска расправа на 9 јануари 2019 година.

Беса најавува дека ќе поднесе три амандмани на Уставот што се однесуваат на државјанството и грижата на државата за дијаспората.

„За мене е неприфатливо државниот карактер да биде моноетнички, да биде етнички македонски, за што и актуелната Влада е ангажирана околу Преамбулата. Што се однесува на прашањето за државјанството, тоа се поврзува со карактерот на државата. Тука е и дијаспората. И тука е вмешана македонската страна. Се става акцент на македонскиот народ, а сите ние другите сме етнички заедници”, рече Фадил Зендели, пратеник на движењето Беса.

Од Алијансата за Албанците најавуваат амандмани на трите предлог-амандмани на Владата.

„Најверојатно ќе имаме амандман на Преамбулата, односно за предлог амандманот 34, каде што нашата цел е да се елиминира тоа редење на етничките заедници со што се издвојува македонскиот народ од другите. Значи, тенденцијата е да се направи редење без категоризација на граѓаните на Македонија”, изјави Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса за Албанците.

Бeса на Касами и Алијансата на Албанците имаат четворица пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие остануваат на истиот став во однос на уставните измени и дека нема да учествуваат во расправа која значи промена на уставното име и прифаќање на условите од Договорот од Преспа. За ВМРО-ДПМНЕ во целата постапка за промените на Уставот недостасува инклузивност и се кршат законските процедури.

За да поминат уставните измени потребно е 2/3 мнозинство од пратениците. Од владеачката коалиција велат дека во однос на обезбедување на ова мнозинство нема да има проблем.

Пратениците последната шанса за поднесување на уставни амандмани ја имаат осум дена пред почетокот на пленарната седница закажана за 9 јануари 2019 гдоина.

Минатата недела заврши комисиската расправа за третата, последна фаза од уставните измени. Комисијата за уставни прашања го усвои уставниот закон за прогласување на амандманите со кои се менува државното име. Амандманите ќе влезат во сила само ако Грција ја ратификува Спогдбата од Преспа. Уставните амандмани се очекува да бидат усвоени до средината на јануари.

Во услови на партиска деполаризација на граѓаните, политичките елити во Македонија треба да пристапат кон помирување и ненасилно решавање на сите меѓусебни конфликти, за земјата да не се врати на патот на поделба.

повеќе

Помина веќе еден месец од објавувањето на документите на Викиликс на кои сите прочитавме дека Никола Димитров бил „заштитен извор на информации“ на САД. Засега, од обвинителството нема никаков одговор.

повеќе

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе