Прегтседателот на ССНМ по повод Денот на трудот

Беловски: Од 10 новинари 7 се уценети со мизерна плата

Ако во земјава постоеја 10 новинари, седуммина ќе земеа потпросечна плата, четворица немаа да имаат ниту постојано вработување, туку ќе работеа со договори на дело, а кога шансите да добиете закани додека си ја вршите работата се 1 : 3,  значи дека имате ризично работно место, вака претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) Павле Беловски по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, го започна своето обраќање со цел да потсети на лошиот статус на новинарите и медиумските работници во Македонија.

Тоа се само бројки за судбините на нашите медиумски работници, вели Беловски и нагласува дека работничките права се предусловот за професионално новинарство и дека сигурната работа значи достоинствено новинарство.

„Оној кој е социјално обесправен, оној кој е во подредена положба, оној кој е уценет со мизерна плата за опстанок - тој не е слободен! Токму на Меѓународниот ден на трудот сакаме да ја испратиме пораката: Само сплотени и солидаризирани во борбата, ние новинарите и медиумските работници можеме да се избориме за нашите работнички права и враќање на достоинството на новинарското перо.
Останете будни, гласни и непоколебливи. Колеги, правата не се празничен потсетник, туку битка која започна 1886-тата и продолжува.
Честит Први Мај!“, пррачаа Беловски и новинарскиот синдикат.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе