Реакција од Србија

Белград смета дека во Македонија со случајот Морина политиката е над правдата

Одлуката на Врховниот Суд на Македонија дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина покажа, за жал, дека политиката е над правдата, изјави денеска српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ.

Нела Кубуровиќ

„Ова е голема срамота за меѓународното право, но уште поголема тага и удар за семејствата на жртвите кои со децении чекаат правда за најмилите“, рече таа и додаде дека сите докази за екстрадиција биле предадени, но Македонија одела и одлучила против фактите.

Врховниот суд на Македонија одлучи дека не се исполенти условите за екстрадиција на Томор Морина во Србија.

И српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска изјави дека Македонија со одлуката дека нема услови за екстрадиција на Томор Морина на Србија ја поткопала суштината на меѓународното право.

„Не може да постои оправдување за тоа некој, кој е осомничен за воени злосторства против човештвото, да биде пуштен на слобода, наместо да одговара за смртта на многу недолжни луѓе“, изјави Стефановиќ.

Стефановиќ наведува дека меѓународната потерница за Морина останува на сила и со оглед на фактот дека воените злосторства не застаруваат, очекува Морина кога тогаш да одговара за своите дела.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе