Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“

Белчева на претстојните локални избори ќе ја предводи независната листа на кандидати за советници на Центар

Поранешната претседателка на Советот на Општина Центар Јана Белчева-Андреевска на претстојните локални избори ќе ја предводи независната листа на кандидати за советници на Општина Центар од граѓанската иницијативата „Шанса за Центар“. Иницијативата „Шанса за Центар“ денеска на прес-конференција во Градскиот парк во Скопје ја претстави платформата, со која од утре ќе се собираат потписи за кандидирање на независна листа на претстојните локални избори.

Покрај актуелната советничка Јана Белчева-Андреевска, кандидати за советници на иницијативата се и Дивна Пенчиќ и Јане Димески.

На листата, како што информираа, се активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, култура и други области.

„'Шанса за Центар' е граѓанска иницијатива што произлезе од поврзувањето на 'Здравје пред профит' со активисти и експерти од областа на архитектурата, урбанизмот, животната средина, спортот, културата и други области, кои сакаат да го спречат натамошното уништување и да се вложат за подобрување на квалитетот на животот во општината Центар“, велат од иницијативата.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе