За распределба на секторите во Град Скопје

Бектеши за изјавата на Ибрахими: ДУИ ветува проекти, а не директорски позиции

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција, коментирајќи ги изјавите на пратеникот Зекирија Ибрахими од Алтернатива за Албанците околу распределбата на секторите во Град Скопје, изјави дека Демократската унија за интеграција „ветува проекти, а не директорски позиции“.

„Околу изјавите на Ибрахими за распределбата на секторите во рамки на Град Скопје, доколку добие независната кандидатка, дека тие во тој случај имале некаков договор да раководат со ‘Комунална хигиена‘ и мислам ЈП ‘Паркови и зеленило‘, сакам да кажам дека ДУИ на изборите на 17 октомври излезе со програма за тоа што им нуди на граѓаните. Ние на граѓаните им нудиме програма, нудиме услови како да се подобри нивниот живот, а не дали одреден функционер од ДУИ би бил директор на некоја институција“, вели Бектеши.

Тој, изјавите на Ибрахими ги оцени како несериозни и, како што рече, тоа го утврдија и граѓаните на 17 октомври кога ДУИ во делот на листата на советници доби 26.000 гласови во однос на Алијансата за Албанците, за која, како што рече, не знае дали надминала 11.000 гласови „што би можело да биде резултат три спрема еден“.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе