Бејли: Внимателно ги следиме и Македонија и Грција кои ни се пријатели и сојузници

Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го повтори ставот на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел кој вчера за време на посетата на Скопје изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција.

„Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот“, изјави Бејли, одговарајќи на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе