Бејли ги искара членовите на ДИК дека си поделиле бонуси за изборите

Амбасадорот на САД Џес Бејли, денеска на предавање на Факултетот за безбедност-Скопје посветено на борбата против корупцијата посочи пример со кој ги доведува во прашање посветеноста на лидерите, институциите, но и на медиумите да разобличуваат коруптивни дејства.

„Слушнав дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за четири дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори кои штотуку завршија. Тие претходно дополнително добиле плата и за пет месеци по изборите од 2016 година. Гласањето во Комисијата било едногласно, сите партии, сите етникуми, а персоналот во Комисијата добил помали бонуси. Јас сум јавен службеник, поддржувам наградување на јавни службеници кои работат повеќе од предвиденото, но имам прашање во врска со ова. ДИК е независно тело. Можеби овој потег бил дури и легален, но гласањето се случило зад затворени врати“, рече Бејли.

Тој праша што кажува тоа за лидерските приоритети.

„Уште поважно, зошто јас го истакнувам ова, што кажува ова за вредностите на самата организација. Каде беа свиркачите, истражувачките новинари или парламентарните тела за надзор, што би сториле сите вие во оваа ситуација“, рече амбасадорот Бејли. 

Бејли одржа предавање од областа на борбата против корупцијата, а потоа одговараше на прашања од студентите во рамки на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност-Скопје.

Официјалниот став на ДИК за оваа информација, на прашање на МИА, најавија дека ќе го изнесат денеска преку соопштение. 

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе

Паметам како вчера да беше: пред самиот распад на Југославија, по локалните пазарчиња на таа земја нагло се расшетаа сомнителни типови што шиткаа лажњаци на статусниот симбол на мојата генерација - славните фармерки „петсто кец”. 

повеќе