Беџети за неговите сопартијци министри: Повеќе се фалат отколку што работат

Блерим Беџети, градоначалникот на Сарај и организациски секретар на ДУИ за време на синоќешната дебатна емисија „Клик плус“ на ТВ21 упати остри критики кон министрите од неговата партија велејќи дека тие не работат доволно за реализација на програмата на ДУИ.

Беџети смета дека првиот вицепремиер, Артан Груби, како што се фали за реализираните проекти, така треба да преземе одговорност и за нереализираните проекти.

„Оваа Влада повеќе се фали отколку што работи. Потребно е повеќе да се насочат кон реализација на проекти за доброто на граѓаните. Затоа ние го кренавме гласот, сакаме да вршиме притисок кон Владата за да се реализираат проектите, затоа што се ближат избори, а на избори со нереализирани проекти граѓаните може и да не ве гласаат“, вели Беџети кој е член на т.н. „огнена група“ која бара сериозни промени во партијата.

Беџети смета дека нема потреба Алијанса за Албанците да биде дел од Владата.

„Апсолутно нема потреба Алијанса за Албанците да биде дел од Владата. Јас сметам дека влезот на АА во Влада не е потребен, не е политички момент. Тие изгубија на избори, тогаш зошто би биле дел од Влада. Ако некој мисли дека е потребно Алијанса да биде дел од Владата поради уставните измени, сметам дека сите албански партии ќе гласаат за уставните измени. Не знам дали Али Ахмети преговара со Алијанса за Албанците. Не е добро за демократијата да се случи тоа“, вели Беџети.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе