Реакција на градоначалникот на Сарај

Беџети: Ја одбив интервенцијата на Заев за промена на претседател на суд, по што добив пријава од ДКСК

Премиерот Зоран Заев вршеше притисок врз мене да влијаам на одредени членови на Судскиот совет за смена на еден претседател на суд, изјави денеска Блерим Беџети, градоначалникот на општина Сарај.

Беџети вели дека премиерот Заев му се јавил на 17 јули и побарал помош за смена на претседател на суд, работа која требало да биде завршена до септември.

„Јас ова барање на премиерот Заев го одбив. Две недели потоа се јави Државната комисија за спречување на корупцијата со пријава против мене. Ова е корумпирана комисија. Сигурен сум дека ваквите дејства се последица на тоа што го одбив премиерот да им кажувам на одредени членови како да гласаат“, рече Беџети.

На прашањето зошто притисоците од премиерот Заев не ги пријавил во обвинителството или во МВР, Беџети вели дека заминал на одмор, но дека бил отворен за сите институции.

Беџети е актуелен со дивоградбите на Матка и неговото нереагирање како градоначалник за што ДКСК покрена постапка против него.

Во врска со платформите на Матка, Беџети вели дека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, а и премиерот Зоран Заев, од него барале да урне само една платформа, а не и другите две. Беџети најави и кривична пријава против претседателката на ДКСК и некои членови.

Градоначалникот на Сарај рече дека ако Владата му ги одземе надлежностите поради дивите платформи на Матка, тој ќе организира референдум на кој жителите на Сарај ќе одлучат за тоа. Тој вели дека решавањето на дивите платформи на Матка не е приоритет, бидејќи имал други работи важни за жителите на општината.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе