Бечев: Балканот и Македонија не се приоритет за Москва

Балканот и Македонија не се приоритет за Москва. Но, овој регион секогаш се одликувал со нестабилност и претставува слаба точка во евроатлантскиот безбедносен систем, а Русија тоа го користи и реализира некаков притисок, вели Димитар Бечев, експерт за Русија, истражувач во Центарот за словенски и евроазиски студии на Универзитетот во Северна Каролина, и соработник во Атлантскиот совет во Вашингтон.

„Од друга страна, Москва смета дека Запад се меша во нејзината сфера на влјание, во земји како Молдавија, Грузија и Украина, и нејзините акции на Балканот се одговор на зголемената улога на западните центри во овие земји. Меѓутоа, Москва нема некоја долгорочна стратегија во регионот и само ја користи слабоста на Западот, прави проблем на западните фактори и спречува проширување на евроатланстките институции. За Русија, Балканот не е некој приоритет и Москва овде не вложува такви средства како во Украина или во Сирија на пример. Но, од друга страна, во овие земји многу полесно може да влијае бидејќи антизападното расположение овде е многу поизразено“, вели Бечев.

Бечев во интервјуто се осврнува и на медиумската помпа што се крена околу наводите за закани по живот на македонскиот премиер Зоран Заев.

„Во однос на наводната информација за атентат и целата работа со руското влијание во Македонија, тоа е многу темна тема. Од македонското разузнавање можеби имаат некои информации, но прашање е дали ќе бидат обелоденети. Ние не знаеме со какви ресурси располагаат Русите во Скопје и какви планови имаат. Знаеме само дека е зголемен персоналот на руската амбасада и тоа е индикатор. Не се знае дали имале некакви ангажмани со претходната влада и дали играле некаква игра. Очигледно е дека политичкиот естабилишмент во Македонија не знае конкретни работи за Русија. И кога анимозитетот спрема западните институции се зголемува, тие секогаш гледаат алтернатива во Русија. Тоа е механизмот што работи на Балканот. Како во Србија и Црна Гора, така и во Македонија и Бугарија“, вели Бечев во интервјуто за МИА што ќе биде објавено во наредните денови.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе