Барањето од Чулев стигна во ДИК, утре ќе заседава за одлуката за назначување шеф на СВР – Скопје

Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, како што најави, денеска го доставил барањето за мислење до Државната изборна комисија (ДИК), во врска со одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска.

Седницата ќе се одржи утре, а ДИК дополнително ќе соопшти за терминот. Чулев вели дека проблематизирањето на изборот на Ставревски за началник на СВР-Скопје е од политички причини и го изразува стравот на критичарите од професионално вршење на активностите.

Петровска, пак, за МИА изјавила дека таа не ја потпишала одлуката за назначување на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје бидејќи за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Согласно Законот за влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада потребни се два потписа, односно тие имаат врзани потписи.

Во случај на несогласување меѓу министерот и дополнителниот заменик министер во министерствата во врска со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до односното Министерство. Одлуката на ДИК е конечна.

 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе