Македонија-Грција

Барањето на Виножито за македонскиот јазик е отфрлено, „тоа е опасно“

Преку грчки медиуми ректорот на универзитетот „Македонија“ во Солун индиректно го одби барањето на Виножито, партијата на Македонците во Грција, за изучување на македонскиот јазик. Паралелно со ова грчки професори предупредуваат дека признавањето на македнскиот јазик во Договорот од Преспа е опасна грешка, затоа што тоа „може да значи и признавање на македонскиот јазик кој не постои“.

Ректорот на универзитетот во Солун по повод барањето на Виножито изјави дека партиите не се тие кои одлучуваат за содржината на студиите. Виножито не доби официјален одговор од универзитетот „Македонија“.

Освен ова, поранешниот ректор на универзитетот во Атина професорот Јоргос Бабињотис за грчката ТВ Скај изјави дека била сторена огромна грешка со признавањето на македонскиот јазик во Договорот од Преспа.

„А сега од нас уште се бара и да го распространуваме тој јазик со изучување на универзитетот. Не е можно јазикот на Скопје, еден словенски јазик, еден бугарско-српски јазик што се пишува на кирилско писмо да го признаеме. Тоа е словенски, јужнословенски јазик што се нарекува македонски. Овој јазик е по грешка е вклучен во договорот. Ова индиректно може да значи и признавање на малцинство. Виножито тоа прашање го истакнува“, вели лингвистот Бабињотис.

Според него дел од жителите околу Лерин го познаваат тој јазик, но тие го зборуваат грчкиот јазик, тие имаат грчка свест, а таму тој јазик се зборува само од повозрасните луѓе кои по традиција го познаваат смавомакедонскиот јазик, од пријателски средби, тие се двојазични. „Ова е се опасни прашања. Изучување на македонски јазик ќе значи и признавање на едно малцинство. Имаме Грци кои говорат арнаутски, влашки, цигански - тие се малцинство? Ова се многу сериозни прашања и треба поинаку да им се спротивставиме. Не е можно во грчкото образвание, на универзитетско ниво да биде предаван јазик кој со лажно име се нарекува македонски. Тоа е бугарско-српски јазик, србизиран за време на Тито, словенски јазик кој го користи кирилското писмо и нема никаква врска со грчкиот и со Македонија. Едноставно името е идентитет. Го зедоа името и го нарекоа македонски правејќи посредни врски, со културата на грчка Македонија, со историјата на грчка Македонија. Во Договорот се вели дека не постои, не се признава малцинство во Грција, но едно е што пишува таму, а друго е што почнува да се случува“, рече за ТВ Скај Бабињотис.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе