Барањата на Бугарија се толку максималистички што се надвор од здрава логика, вели Мицкоски

Невозможно е потенцијалното решавање на спорот кој што го имаме со нашиот источен сосед додека трае француското претседателство. Барањата на официјална Софија се премногу максималистички и среќен сум што народот се избори да го вразуми Ковачевски да го одбие францускиот предлог, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Денеска беше состанокот на амабасадорите на земјите-членки на Европската Унија во Брисел. Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности“, рече Мицкоски во гостувањето на Сител.

Според него, Ковачевски го одбил францускиот предлог поради тоа што десетици илјади граѓани излегле пред Владата и порачале дека не го прифаќаат предлогот.

„Јас сум пресреќен што народот се избори да го вразуми Ковачевски да не го прифати францускиот предлог. Оние десетици илјади граѓани кои излегоа пред Владата и она громогласно ‘не‘ кое што тогаш го кажаа за овој последен предлог бидејќи е апсолутно асиметричен и е 100-0 во корист на нашиот источен сосед“, додаде Мицкоски.

Сепак, тој смета дека предлогот немало да биде на маса ако некој претходно истиот не го прифатил.

„Дали тоа бил Ковачевски, дали тоа бил Османи или дали тоа бил некој друг околу нив да бидеме реални нема да си дозволи администрацијата на ЕУ ниту пак на земјата која што претседава таков предлог да го стави на маса без да добие согласност од страните кои преговараат. Владата тогаш се препелкаше дека не знае за каков предлог се работи и дека се уште не го добила тој предлог, за да потоа излезе дека всушност тие веќе неколку месеци преговарале. Приказните дека не е прифатен е само поради тоа што народот излезе, тоа што ВМРО-ДПМНЕ излезе и тоа што добивме општествено не“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе