Петков нагласил дека неговата Влада „нема да прави ништо" без одлука на бугарскиот Парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.
„Целосно ќе се бара заштита на бугарскиот интерес“, кажал Петков, а пренесува МИА од Софија.
Во изјавата, Петков вели дека во Бугарија има обиди „да се продаде идејата за отстапување или неотстапување" од бугарската позиција кон Северна Македонија, но дека вистината е оти долгорочно Северна Македонија треба да е дел од Европската унија.