Балкан инсајт: Бугарија за тензиите со Македонија ги обвинува руските шпиони

Додека обвинителите ги истражуваат наводните руски шпионски активности во Агенцијата за национална безбедност, бугарскиот премиер изрази сомневање дека руските разузнавачи работеле против добрите односи со Македонија.

Фото: ЕПА

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска за медиумите изјави дека кавгите на неговата земја со соседот биле влошени од руските разузнавачи, вели Балкан инсајт.

„Ми беше пријавено дека руски шпиони работеле конкретно против односите меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече тој. „Некој се обидува погрешно да ги претстави интересите на Бугарија“, додаде тој. „Интересот на Русија отсекогаш бил да го спречи Западен Балкан да има европска иднина.“

Специјалното обвинителство на Бугарија веќе ја истражува наводната руска шпионска активност во Агенцијата за национална безбедност на земјата и ги претресува канцелариите.

Претседателот Румен Радев, познат по помекиот став кон Москва, ја бранеше работата на агенцијата. „Агенцијата за национална безбедност има силен имунолошки систем и мислам дека тие работат активно за да не дозволат какво било нарушување на системот“, рече тој.

Откако влезе во политиката во 2021 година, вели Балкан инсајт, прво како привремен министер за економија во привремениот кабинет на претседателот Румен Радев, потоа како премиер и еден од лидерите на партијата „Продолжуваме со промените“, Петков се обидува да ги реши споровите на Бугарија со Македонија, кои ги одложија македонските надежи за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Од руската амбасада во Софија сѐ уште нема реакција на последните тврдења.

Во последните неколку години Бугарија протера голем број руски дипломати поради шпионажа и ги уапси Бугарите што соработувале со нив. Во најсензационалниот случај во март 2021 година, повеќе од десет дипломати беа прогласени за персона нон грата.

Но некои неодамнешни протерувања беа опишани како обични ПР-акробации, извршени од главниот обвинител Иван Гешев за да го зајакне својот имиџ за време на конфликтот со актуелната влада. И покрај многубројните апсења и обвиненија, никој не е осуден за наводна шпионажа.

Во меѓувреме, во почетокот на оваа недела, обвинителството покрена истрага за Елена Гунчева, пратеничка и членка на русофилската крајнодесничарска партија Вазраждане (Преродба), по објавата на Фејсбук од 18 март во која таа рече дека се надева дека владата ќе биде погодена од руски проектил. Во објавата таа изрази надеж дека „една од (руските) ракети ќе го уништи Министерскиот совет“ во Софија, доколку Бугарија испрати оружје во Украина, и го опиша украинскиот претседател како „кловнот Зеленски“. Таа е обвинета за предавство.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе