Донфрид, Ескобар и Брнз на средба со премиерот Ковачевски

Бајден преку Донфрид ја испрати пораката за неодложен старт на преговорите со ЕУ за Македонија

Помошник државната секретарка на САД Донфрид на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Владата, ја пренесе порака дека Северна Македонија е важен трансатлантски партнер на САД, соопшти владината прес-служба и додава: „Изразена е силна и недвосмислена поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Северна Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан“.

На средбата на која присуствувале и Габриел Ескобар, заменик помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан и американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз било истакнато дека Македонија, како членка на НАТО и земја кандидатка за ЕУ, функционира според принципите на демократските и европските вредности и дека во предизвиците што ги донесе војната во Украина, се постави брзо и целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ.

„Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Северна Македонија како што е оценето, даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во Европската Унија. Заеднички е констатирано дека ова треба да биде препознаено и вреднувано од ЕУ, со отворање на преговорите за Северна Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, од геополитичка гледна точка е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на самата Европска Унија“, се вели во соопштението од Владата.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе