На вториот ден од протестите пред Законодавниот дом

Бачев: Тројца пратеници се заклучени во Собрание и врз нив се врши невиден притисок

Тројца пратеници се заклучени во Собранието каде што е присутен и локалниот раководител на ЦИА, Дејвид Стивенсон, и врз нив се врши невиден притисок за да гласаат за уставните измени, обвини лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев.

„Имаме информации дека седницата е одложена бидејќи тројца пратеници не сакаат да ги прифатат барањата на Беса и одбиле да гласаат, сега тие тројца пратеници се заклучени во Собранието, каде што е дојден и Дејвид Стивенсон и врз нив се врши невиден притисок", изјави пред демонстрантите Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија.

Тој го повика Јавниот обвинител веднаш да дојде во Собранието бидејќи се случува државен удар, ни и претседателот Иванов, бидејќи човек на американската служба, односно Стивенсон е присутен во Собранието и врши притисок врз пратениците.

Група граѓани и покрај студното време и снегот и денеска излегоа на протест пред Собранието на Република Македонија против уставните измени. Тие велат дека протестот е за одбрана на македонското име, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ и против, како што наведуваат, „најголемото национално предавство".

На протестот учествуваат членови на граѓанските здруженија „Македонија блокира", „Христијанско братство", партијата „Единствена Македонија", „Твордокорни".

Улицата пред Собранието е целосно блокирана, а се забележува и зголемено присуство на полицијата.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе