Бачев му пиша на Трамп: Македонците се со вас, после изборната победа да ја решиме „длабоката држава“ и во Македонија

Вашата победа на изборите во САД на 3 ноември може да придонесе за спречување на „длабоката држава“ во Македонија да го избрише името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот нарид, пишува Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија во писмото упатено до претседателот на САД Доналд Трамп.

Бачев во писмото вели дека поголем дел од македонскиот народ се надева на неговата победа на изборите на 3 ноември.

„Моето обраќање до Вас се темели врз едноставна правдина - да ја држиме судбината во наши раце и врз желбата на мојот македонски народ гордо да ја ставиме Македонија на прво место во согласност со вашите залагања да ги ставаме своите земји на прво место и дека тоа е во ред и тоа е она што треба да го правиме.

Ние високо ги цениме вашите упорни усилби за еден нов свет на слободни, национални и суверени држави. Затоа, имам задоволство да ве информирам дека во пресрет на изборите во САД на 3 ноември, сите очи на Македонците во земјата и странство се свртени во ваша победа на изборите која е големата шанса за човештвото и македонскиот народ.

Да потсетам, во вашиот инагуративен говор во јануари 2017 година порачавте дека САД нема да му го наметнат својот начин на живот никому. 

На 24 септември 2019 година во Генералното собрание на Обединетите нации повикавте на негирање на глобализмот и прегрнување на национализмот, дека иднината не им припаѓа на глобалистите, туку на патриотите, да се заштити историјата и културата на секоја земја, да ги сакаме сопствените нации кои ќе го направат светот подобро место за сите. И дозволете ми да додадам дека треба да ве паметиме како претседател на САД кој не започнал никаква војна!

На 22 септември 2020 година на 75. Заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации порачавте: „Со децении, истите уморни гласови ги предлагаат истите неуспешни решенија, следејќи ги глобалните амбиции на штета на сопствениот народ. Но, само кога ќе се грижите за сопствените граѓани, ќе најдете вистинска основа за соработка. Како претседател, ги отфрлив неуспешните пристапи од минатото и гордо ја ставам Америка на прво место, исто како што треба да ги ставате своите земји на прво место. Тоа е во ред. Тоа е она што треба да го правите“.

Наспроти вашите определби, „длабоката држава“ преку дипломатски претставници на САД во Македонија со години во Македонија инсталира марионетски влади, назначува претседатели на политички партии, фалсификува избори...и што е најстрашно, сега се архитектите за бришење на Македонците од светската мапа на нации. „Длабоката држава“ ја подарува Македонија на Бугарија, Грција и Албанија преку бришење на се што е македонско. Капитулантските договори со Грција и Бугарија и т.н. тиранска (албанска) платформа за националното злосторство врз Македонците претставуваат и едно тешко предавство на основите начела и принципи на меѓународното право.

„Длабоката држава“ ги фалсификуваше и последните избори во Република Македонија на 15 јули 2020 година само за да ја одржи марионетската власт во Скопје. За овој изборен фалсификат поседуваме докази.

„Длабоката држава“ во Македонија мора да ја сфатат простата вистина дека иднината на светот му припаѓа на националните сили, патриорите и суверенистите кои сакаат држави со национален и религиски идентитет и кои светот го разбираат како културен натпревар меѓу народите. Според тоа, активностите на дипломатските претставници на САД во Македонија, се во целосна спротивност со вашите заложби за иднината на нациите и државите во светот.“, пишува Бачев.

Тој вели дека е длабоко загрижен од националното злосторство врз македонскиот народ од страна на „длабоката држава“ преку дипломатските претставници на САД во Македонија кои дејствуваат на начин кој не одговара на нивниот дипломатски статус. Македонскиот народ и македонската држава преживуваат најтешки моменти од кога било досега. Ни се одзема правото да си ја сакаме нацијата и да се гордееме со својата држава, се вели во писмото.

„Односно, „длабоката држава“ во Македонија не ги почитува вашите заложби дека иднината им припаѓа на патриотите кои си ги сакаат своите суверени и национални држави. Впрочем, и јас, и Вие, многу добро знаеме што значат обидите за брутално мешање на „длабоката држава“ во внатрешните работи на една суверена држава.

Македонија го декларира своето право против бришење на името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ на референдумот од 30-ти септември 2018 година. Меѓутоа, „длабоката држава“ не ја почитува ниту директната демократија - референдумското изјаснување на македонскиот народ.

Македонците се силно убедени во вашата победа на изборите на 3 ноември со што ќе се овозможи САД исто така и на мојата Република да ѝ додели признание да биде горда држава. Принципите за слобода и човекови права, самоопределување, промоција на патриотизам и суверени и национални држави, трасирање на патот на мирољубив период во кој нациите ќе бидат на прво место и потребата за одбегнување на понатамошна нестабилност на вознемирениот Балкан, бараат ова прашање со „длабоката држава„ да се реши колку што е можно побргу.

Ние Македонија ја гледаме како фактор на стабилност на Балканот и Европа. Цврсто ги поткрепуваме вашите усилби во оваа насока и веруваме дека ќе останете активно ангажирани во овие напори. Затоа, го сметаме за историски за стабилноста и просперитетот на Балканот, економскиот договор од 4 септември 2020 потпишан под Ваше покровителство!

Ви го пишувам ова не само како претседател на Единствена Македонија туку и како Македонец, кој добро ја познава историјата и проблемите на мојот македонски народ кој во изминатите векови ги преживеал болните авантури и несреќни интервенции на вонбалканските фактори.

Македонците веруваат во вас и мислат дека тоа е вистинскиот избор. Македонија со САД ги врзува посебно пријателство. Моите мисли и мислите на Македонците се со вашата победа на изборите. Со нетрпение ја очекуваме информацијата за вашата победа на 3 ноември. Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу САД и Република Македонија засновани на принципите кои силно ги промовирате.

Знам колку овие прашања се важни за вас и длбоко го ценам времето што ќе го употребите да ги разгледате моите размислувања. Уште повеќе што ова писмо во Македонија ќе доживее целосна медиумска блокада. Македонија е земја во која владее целосен медиумски мрак за прашања вон интересот на „длабоката држава“.

Ве молам, Ваша екселенцијо, предупредете ме за секакви пречки за кои гледате дека стојат на патот за елиминирање на „длабоката држава“ и во Македонија, зашто јас ќе ги сметам како пречки за вашите определби кон коишто се стреми македонскиот народ. Ако пак ги нема, Ве молам, известете ме како ние, македонските патриоти може да ви помогнеме да направиме чекор понатаму од елиминирањето на „длабоката држава“ во Македонија кое го бараме, кон трајна соработка меѓу македонските и американските патриоти и сите патриоти во светот кои ги гледаат нациите и нивните судбини на начин како што никој друг не ги гледа.

Во меѓувреме, имам задоволство да ве информирам дека Македонците во САД масовно го прифаќаат повикот од Единствена Македонија да гласаат на 3 ноември за вашата кандидатура. Денес бројката на Македонци во САД е околу 200.000. Јазикот на кој зборуваат Македонците во САД е македонски кој уште во 1920-те бил забележан во американските пописи“, пишува во писмото на д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија до претседателот на САД Доналд Трамп.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе