„Македонија блокира”

Бачев ја повика пратеничката Александрова да не гласа за уставните измени

Александрова ако има грам совест треба да излезе со народот и да не помисли да гласа за уставните измени, повика Јанко Бачев од движењето Македонија блокира на вечерашниот протест во близина на домот на пратеничката Емилија Александрова. 

Граѓаните и претставниците на „Македонија блокира” се обидоа да се соберат пред домот на Александрова, која, како што рекое е една од осумте пребегани и уценети пратеници, но таму се соочија со силно полициско присуство, па не успеаја да ѝ го предадат писмото во кое ги образложиле причините зошто таа не треба да гласа за уставните измени. 

Претставниците на „Македонија блокира” одржаа говор и ја повикаа Александрова да излезе и да им се придружи. 

„Излезете со нас, простено ќе ви биде. Дојдете да ја спасиме Македонија заедно, сега веќе нема простор за играње на две столчиња, или сте со народот или не“, порачаа организаторите на протестот.

На присутните им се обрати и Бачев. 

„Не дозволивме да ни го скршат духот. Цврсто сме решени до крај да ја извојуваме оваа битка. Слушаме имало големи притисоци, но

народот си кажа дека не сака промена на името и не сака членство во НАТО. Ви ветуваа живот, каде е сега животот?”, рече Бачев.

Претходно, „Македонија блокира“ слични настани организираше и пред домовите на други пратеници од опозицијата кои ги поддржаа уставните промени.

 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе