Бачев: Добро е што пописот се одложи, но законот мора да се усогласи со европското законодавство

Среќен сум што се изборивме пописот да се одложи, националниот блок во никој случај нема да прифати фалсификуван и животозагрозувачки попис, изјави Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија, партија која е дел од националниот блок „Не отворам врата“.

„Се појавија и други иницијативи кои беа копии на нашата иницијатива. Но, сега е најважно тоа што пописот не успеа и сите ние се изборивме пописот да се одложи. Ако пописот се одржеше според актуелниот Закон за попис, тоа ќе беше класичен фалсификат. Тоа ќе беше политички попис. Тоа што Заев го кажува дека нашиот попис е усогласен со Еуростат, со стандардите на ЕУ е лага, а лаже и директорот на Државниот завод за статистика. Јас најодговорно тврдам дека нашиот закон не е усогласен со европското законодавство. Нашиот Закон за попис е скроен за да се направи фалсификат. Македонија не смее да дозволи уште еден фалсификуван попис, ако тоа го дозволиме - дефинитивно го губиме темелот на државноста.

Втората причина пак поради која баравме да се одложи пописот е пандемијата. Со спроведување на пописот се загрозува здравјето на граѓаните. Посебно ме радува што Македонците во дијаспората го прифатија планот на националниот блок „Не отворам врата“ и масовно не се попишуваа. Од бројката што се споменува од околу 150.000 лица кои се попишаа во странство, околу 95% се Албанци. Сега останува до септември да ги конципираме нашите политики“, рече Бачев и најави дека неговата партија ќе учествува на локалните избори на кои очекува поголем успех од резултатот во 2017 година.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе