Бабиш: Доколку европските политичари не го одржат својот збор тоа ќе дејствува демотовирачки за целиот регион

Скопје и Атина успеаја да најдат заеднички јазик, постигнаа компромис за спорот за името. Вие како држава го сторивте своето, одржавте референдум, го сменивте името, го сменивте Уставот, спроведовте реформи, а сега европските политичари кои ви ветија дека откако ќе го сторите тоа ќе бидат отворени преговорите со Европската Унија, мора да го одржат својот збор.

Ова го порача денеска во Скопје чешкиот премиер Андреј Бабиш на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, кој даде ветување дека Чешка ќе стори се за земјава да добие датум за почеток на преговори.

„Сега е клучно време за Северна Македонија и се надевам дека за девет дена Европскиот совет навистина ќе го потврди отворањето на преговори на вашата земја со ЕУ. Европските политичари ви ветија дека ако ги исполните условите за тоа ќе добиете датум за преговори. Доколку европските политичари не го одржат својот збор тоа ќе дејствува демотовирачки за вашите граѓани и за целиот регион“, нагласи Бабиш.

Посочи дека Северна Македонија ја има поддршката и од Вишеградската група, во која освен неговата земја членуваат и Словачка, Полска и Унгарија и најави дека наскоро В4 ќе има средба во Будимпешта на која меѓудругото ќе се разговара и за начините на кои може да се поттикне евроинтегративниот процес на земјава.

Бабиш напомена дека ако европските политичари не го исполнат ветувањето тоа може да има реперкусии и врз регионот и отворените прашања во него и додаде дека Северна Македонија не смее да биде жртва на други регионални прашања, нагласувајќи оти земјава го сработила своето и тоа треба да се вреднува од целата Унија.

Тој рече дека целиот регион на Западен Балкан е важен за Европа и најави дека откако Чешка ќе го преземе претседателството со В4 ќе организира средба со шесте земји од регионов, кои не се во Унијата.

Заев му изрази на Бабиш благодарност за поддршката на неговата земја ова лето да добиеме датум за преговори, нагласувајќи оти тоа е важно не само за Северна Македонија, туку и за регионот и Европа.

„ЕК во извештајот за напредокот на државата даде кристално чиста препорака за почеток на преговорите. Без скромност ќе ја споменам оценката дека нашата земја е блескав пример за регионот и за Европа. Сработивме сто отсто, ги исполнивме критериумите, заедно со нашите пријатели Република Бугарија и Република Грција ги надминавме стереотипите за решавање на чувствителни билатерални прашања, внесовме прогресивни примери за возможното. Договорот од Преспа е повеќе од решение на долгорочен спор меѓу две земји, тоа е модел за решавање на билатерален спор базиран на дијалог и взаемно разбирање, што е клучна европска вредност и затоа определувањето датум за почеток на преговори ова лето не значи само награда за нашата држава, туку и ја подразбира и принципиелноста на ЕУ“, рече Заев.

Доделувањето на датум за Северна Македонија, рече Заев ќе значи не само почитување на индивидуалните заслуги, туку и продолжување напред кон европските вредности, а не враќање назад кон популизам и национализам.

„Тоа ќе ги охрабри и другите лидери во регионот да ги затворат отворените прашања, ќе овозможи фокус да ставиме на економијата, инвестициските перспективи, на шансите за младите и сето тоа ќе значи и почеток на една поширока стабилизација, на која со децении чекаат Европа и светот“, рече Заев.

Изрази надеж дека наскоро и Чешка ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО и оти земјава ќе може на самитот во декември во Лондон да биде пречекана како 30. членка. Бабиш напомена дека Чешка наскоро ќе го стори тоа и додаде дека Парламентот ќе заседава во јули и оти тој ќе испрати лично допис до пратениците Протоколот да го стават на дневен ред, но не кажа конкретен датум кога тоа би се случило.

Како одлични ги оценија билатералните односи двајцата премиери,  во сферата на политиката, но и во сферата на економијата, соработката меѓу полициите, а се отвора и можност за интензивирање на соработката во одбраната.

Заев најави дека чешката компанија Чез Локотранс наскоро ќе ја реализира најавената инвестиција во регионален Центар за логистика и дистрибуција со седиште во Скопје, која ќе го опслужува цел Западен Балкан. Ќе работи во сферата на железничката инфраструктура, а вредноста на инвестицијата е 20 милиони евра. Нагласи дека со оваа и други инвестиции се отвора можноста за интензивирање на трговската соработка.

Бабиш рече дека чешките претприемачи треба да бидат добро да се запознаат со поволностите во земјата во однос на почнување на бизнис и изрази задоволтво што Чез Локотранс ќе инвестира 20 милиони евра. Најави дека ќе организира посета на Чешка на која бизнисмените од двете земји ќе имаат можност подобро да се запознаат.

Премиерот Заев ја потенцира и соработката меѓу двете полиции, напомнувајќи дека Чешка досега доделила донации вредни од околу четири милиони евра за македонските полицајци, а чешките полицајци им помагаат на нашите и во обезбедувањето на јужната граница.

„Упорноста на Република Северна Македонија во дејствувањето за затворањето на западнобалканската миграциска рута беше голема и е за поздравување. Малку е апсурдно што една држава која не е членка на Шенген зоната го направи тоа, наместо да го стори држава која е членка, но како и да е драго ни е што помагавме во таа сфера“, рече Бабиш и најави дека денеска ќе ги посети чешките полицајци на јужната граница.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе