Реакции

Бабамовски, Најчевска и Хајредини реагираат на одлуката за Бучковски: Криминалец и корумпиран политичар

Поранешните функционери Иван Бабановски и Џевдет Хајредини, и професорката Мирјана Најчевска жестоко реагираат на одлуката на Владата нејзин специјален претставник за Бугарија да биде Владо Бучковски.

Поранешниот разузнавач и професор на Факултетот за безбедност Иван Бабамовски на својот фејсбук профил го повикува македонскиот народ да побара од премиерот Зоран Заев да ја повлече одлуката за Бучковски.

„Го повикувам македонскиот народ јавно да побара од Зоран Заев како премиер на Владата на Македонија да ја повлече одлуката за еден криминалец кој нема и не може да добие валидна безбедносна подобност да биде на каква било позиција во власта, а најмалку да ги води преговорите со неговите газди, неофашистите од Софија. Владата нема мандат за вакво наше понижување“, напиша Бабамовски.

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии потсетува на вмешаноста на Бучковски во аферата со Телеком и подмитувањето на некои тогашни функционери. Бучковски во тоа време беше премиер на Македонија.

„Дури и пресудата на Њујоршкиот суд не беше доволна, во Македонија да се гонат корумпираните функционери кои од Телеком примале по дваипол милиони евра мито“, напиша Хајредини.

На социјалните мрежи реагираше и професорката Мирјана Најчевска кој именувањето на Бучкоски за специјален претставник со преговорите со Бугарија го смета за тотален апсурд. Таа потсетува дека Бучковски е ангажиран на докторските студии на бугарскиот државен универзитет „Уни БИТ", и е дел од мрежата „Jus Romanum" на Софискиот универзитет. „За објективноста прашувам и конфликтот на интереси“, вели Најчевска.

„Само не можам да се решам дали ги бираат според криминални способности или според глупост. Можеби и двете. А можеби според отсуството на р’бет. Очекувам следниот месец да го именуваат Груевски за почесен министер за финансии. Зошто да не? Ако може Бучковски како осуден криминалец кој се извлече од затворската казна со помош на корумпираните судии кои доведоа до застарба на случајот да биде специјален претставник на Владата во еден од најсензибилните преговори, зошто да не може Груевски кој сега за сега е осуден за многу помалку да не биде почесен министер за финансии“, напиша Најчевска.

 

 

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе