Азманов: Кирацовски контролира портали. Кирацовски: Извинување од Азманов или тужба

Бизнисменот Зоран Азманов во интервју за Инфомакс изјави дека поранешниот генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски одлучувал за објавување на содржини и фотографии против него на некои портали. Откако тој реагирал до порталот да избрише објавени прилози, кои според сопственикот на „Настел" биле невистини, уредникот му пренесол дека не може ништо да избрише додека не му каже Кирацовски, раскажува Азманов во интервјуто. На ова пратеникот Кирацовски изјави: „Трендот на лажни вести мора да запре".

Aлександар Кирацовски

Азманов во интервјуто за Инфомакс раскажува како бил рекетиран од Бојан Јовановски, Боки 13.

„Не се секирај, имам докази, зад мене стојат СЈО и финансиската полиција. Вака ми кажа Боки кога му се јавив да го прашам зошто објавува за мене дека сум бил градежна мафија. Јас немам ниту една фактура кон државата. Милион евра годишно плаќам данок на државата. Боки 13 не платил во животот едно денарче данок. Ние го плаќаме СЈО. Тоа што се случуваше во 1ТВ не е за леб, туку за преку леб погача. Зошто се забрани да не се претресе станот на Јанева“, прашува тој.

„Еднаш реагирав до порталот Доказ да симне објавени невистини, но уредникот ми рече не можам ништо да избришам додека не ми каже Кирацовски! Замислете“, рече Азманов во интервјуто.

По објавата на интервјуто со Азманов сопственикот на порталот Доказ негираше дека Кирацовски ги контролирал содржините на неговиот портал и најави тужба за тие што така тврдат.

Бизнисменот вели дека не е тајна оти е сниман од 2008-2009 до ден денеска.

Тој тврди дека објавите против него на 1ТВ биле платени од негова конкуренција.

„Боки 13 не можел да изрекетира ниту едно центче од кого било ако зад него не стоеле поединци од институциите на власта кои треба да го бркаат таквиот криминал и луѓе на високи позиции во власта“, додава Азманов. Тој открива и дека му биле нудени бизниси и за „Скопје 2014“, но не ги прифатил.

На ова веднаш одговори и Кирацовски: „Трендот на лажни вести мора да запре. На хаосот од инсинуации кои ја искривуваат вистината мора да се стави крај. За лагите и клеветите (на ниво на глупости), кои господинот Зоран Азманов ги искажа во интервјуто за извесен портал, ќе добие соодветна тужба, секако после шансата да се извини. Демократија да, анархија од лаги и измислици не!“, напиша Кирацовски на својот профил на Фејсбук.

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе