Алијанса за Албанците

Азири: Тупанчевски го демантира Ахмети - не е побарана меѓународна истрага за судски случаи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјавува дека побарал САД, преку ФБИ и ЦИА, да се вклучат во меѓународна истрага на судски процеси за кои постои сомнеж дека се политички мотивирани, но министерот Никола Тупанчевски го демантира велејќи дека такво барање Министерството за правда нема испратено, вели пратеникот од Алијанса за Албанците Елми Азири кој вчера на министерот Тупанчевски му постави пратеничко прашање.

„Конечно, демаскирана е манипулацијата што ја направи претседателот на ДУИ, Али Ахмети и други функционери на оваа партија, за наводна меѓународна истрага за монтирани судски случаи, за време на владеењето на оваа партија, некогаш со ВМРО, а некогаш со СДСМ. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во телевизиско гостување изјави дека побарал од САД да ги вклучат ЦИА и ФБИ во истрагата за случајот на 9-10 Мај во Куманово. Ахмети и експонентите на ДУИ постојано даваат вакви изјави за сомнителни случаи како политички монтирани“, соопшти Алијанса за Албанците.

Партијата потсетува дека законски, барања за меѓународна истрага на судски процеси поднесува Министерството за правда и дека затоа вчера на собраниската седница за пратенички прашања, пратеникот Елми Азири директно го прашал министерот за правда: дали ова министерство во кој било случај испратило такво барање, како што изјавија функционери на ДУИ.

„Министерот за правда на експлициден начин рече дека вакви барања нема издадено од ова министерство“, потенцира партијата.

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе