Алијанса за Албанците и Алтернатива

Азири: Со болните пратеници Џафери направи шоу и ја злоупотреби функцијата

Пратеникот Елми Азири од Алијанса за Албанците денеска на прес-конференција изјави дека смета оти ова што се случило во  Собранието е класична злоупотреба на функцијата претседател на законодавниот дом, како и на двајцата пратеници кои се заразени со вирусот ковид-19. Тој нагласи дека за „шоуто на Џафери“ немало потреба зашто коалицијата Алијанса/Алтернатива вети присуство и обезбедување на кворум, а присутни беа и други пратеници од опозицијата.

 Азири нагласи дека уште во четвртокот го известиле претседателот на Собранието дека ќе присуствуваат на 32. седница и дека со нивна поддршка веднаш ќе се премине на 36. седница на чиј дневен ред беа законите од петтиот пакет економски мерки.

„Ние како албанска опозиција со нашите пратеници бевме присутни и во четврток на свиканата 32. седница, иако за време на Ифтар, точно во 19.20 часот, непочитувајќи ја определбата на одредени пратеници кон сопствените верски убедувања за пости, сепак дојдовме. Таа вечер преку заменик координаторот на нашата пратеничка група од собраниската говорница го повикавме претседателот на Собранието за да појдеме на гласање, да ги брои присутните пратеници на седницата во четврток. Со присутните пратениците од мнозинството и со помош на нашите пратеници, 32. седница би била завршена и би преминале веднаш на 36. седница во која се законите од петтиот пакет мерки“, рече Азири, додавајќи дека претседателот на Собранието Талат Џафери ништо од тоа не зел предвид.

Според него, единствена цел на претседателот Џафери и мнозинството во Собранието е да се прави медиумско шоу.

„Еден факт е дека, мислам 19. точка на дневен ред, односно точката за антикорупциската стратегија и таа точка се гласаше со 73 пратеници, што е доказ дека денеска немало потреба од страна на претседателот да се малтретираат нашите колеги што се заразени со ковид-19“, додаде Азири.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе