По инцидентот во Собранието

Азири, државен секретар во Министерство за култура: Новите Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете...

Од Арбер, антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците. Ова вечерва по скандалот за време на седница на собраниската Комисија за европски прашања, на својот фејсбук-профил го напиша Велмир Азири, акруелен државен секретар во Министерството за култура на Македонија.

Азири е роден во 1977 година во Тетово. Дипломирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот графички дизајн. Долго време бил член на Здружението на ликовни уметници, има реализирано неколку самостојни изложби, а учествувал и на многу групни изложби и ликовни колонии. Во 2005 година бил портпарол на Општина Тетово, па е именуван за директор на Уметничката галерија Тетово, во 2011 станува директор на Театарот во Тетово...

Денеска за време на седницата на собраниската Комисија за европски прашања, претседателот на комисијата Арбер Адеми при недоразбирање со пратениците од опозицијата, фрли со тврд предмет кон пратеникот Милошоски и се однесуваше скандалозно.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе