Австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг утре во Скопје

Сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Како што соопшти МНР, Шаленберг ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи Никола Димитров, а во рамки на посетата на земјава, тој ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

На средбите се очекува да се разговара за севкупните билатерални политички односи, економската и трговската соработка меѓу двете земји, како и за европската перспектива на Македонија. Исто така ќе бидат разменети и мислења за регионалната соработка, состојбите во ЈИЕ и други актуелни регионални и меѓународни прашања.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе