Поради зголемен број на случаи на ковид-19

Австрија им препорача на своите граѓани да не патуваат во Македонија, Босна, Албанија и Косово

Австрија воведе највисоко шесто ниво на предупредување за патување во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово кое стапува во сила веднаш.

Како што објави БиБиСи, австриската влада препорачува сите Австријци кои се наоѓаат во овие земји веднаш да се вратат назад, а по доаѓањето ќе одат во 14-дневен карантин или ќе мораат да покажат негативен тест за ковид-19.

Во образложението на одлуката се наведува дека во четирите земји од Западен Балкан има зголемување на бројот на заболени од ковид-19 од почетокот на јуни, па така во Македонија за 14 дена има 2.067 случаи, а во Косово и Алабнија заедно над 1.000.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе