По владината одлука за финансиска поддршка на телвизиите и радијата

АВМУ: Запрени постапките против радиодифузерите кои не платиле за дозволите за емитување

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, врз основа на Одлуката на Владата од петтиот пакет економски мерки со која се обезбеди финансиска помош за радиодифузерите во висина од 50.000.000 денари, на вчерашната седница одлучи да ги запре сите покренати постапки за одземање на дозволи врз основа на неплатен годишен надоместок за радио и телевизиско емитување. Воедно, одлучено е да не се покренуваат нови постапки за одземање заради неплаќање на надоместокот за дозволите за 2021 година.

„На сите радиодифузери, кои имаат извршено целосна или делумна уплата на надоместокот за дозволата за радио или телевизиско емитување во 2021 година, Агенцијата ќе им ги врати средствата најдоцна до 13 март 2021 година. Радиодифузерите на кои им е издадена фактура за годишен надоместок за дозвола, а не платиле, како и радиодифузерите кои допрва ќе ја добијат фактураат, немаат обврска за плаќање бидејќи нивната обврска во целост е исполнета со финансиските средства од пакетот економски мерки", соопштуваат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Агенцијата ги информира радиодифузерите дека издадените фактури за годишниот надоместок за дозвола за телевизиско и радио емитување во 2021 година им служат само за нивна евиденција и за истите нема да можат да вршат поврат на данокот на додадена вредност, бидејќи се платени во целост од средствата одобрени со Одлуката на Владата.

Во рок од 15 дена од завршувањето на овие активности Агенцијата ќе достави извештај до Владата и до Управата за јавни приходи за искористените средства од пакетот економски мерки, а преостанатите неискористени средства ќе бидат вратени на сметката на Буџетот.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе