АВМУ – за радиодифузерите 8 минути на час за кампања за претседателските избори

Во пресрет на кампањата за претседателските избори 2019 година и за локалните избори во општините Дебар, Ново Село и Охрид, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски улуги на денеска одржаниот прв јавен состанок во 2019 година потсети на правилата кои се однесуваат на изборното медиумско претставување на радиодифузерите, а посебен акцент беше ставен на имплементацијата на одредбите за платено политичко рекламирање (ППР).

„Во однос на начинот на распределба на времето за платено политичко рекламирање, во текот на изборните кампањи 2019 година, радиодифузерите и во првиот и во вториот круг на гласање, можат да одвојат вкупно 9 минути на реален час програма. Ваквата распределба на времето важи за радиодифузерите кои емитуваат програма на национално ниво и за радиодифузерите на регионално и на локално ниво кои емитуваат програма во општините во кои се бираат градоначалници, како и за радиодифузерите кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање само за кандидатите за градоначалници. Радиодифузерите кои ќе емитуваат ППР само за претседателските избори, и во првиот и во вториот круг на гласање, можат да одвојат вкупно 8 минути на реален час програма. Спојувањето на платеното политичко рекламирање во два последователни реални часа, не смее два пати по ред да биде за ист кандидат за претседател или за ист подносител на листи на кандидати за градоначалници“, посочуваат од Агенцијата.

Распределбата на времето за бесплатно политичко претставување на собранискиот канал, пак, се наведува, треба да се применува во текот на секој круг гласање за претседател на државата и градоначалник, односно вкупно три часа бесплатно политичко претставување за кандидатите за претседател, и вкупно еден час за кандидатите за градоначалници, распределено еднакво меѓу кандидатите.

„Во овој период радиодифузерите што одлучиле да го покриваат изборниот процес, треба да ги почитуваат обврските за известување на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма, а на учесниците во кампањата да им овозможат подеднакви услови за пристап, до сите облици на изборно медиумско претставување. Агенцијата како и во претходните изборни циклуси, активно ќе го следи известувањето на радиодифузерите и сите материјали, извештаи од мониторингот над радиодифузерите ќе ги објавува на својата веб страницата, во посебниот банер Избори 2019“, се посочува во соопштението.

На состанок директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски ги презентираше активностите од изминатиот квартал, спроведени согласно Годишната програма за работа на Агенцијата – извршените надзори врз радиодифузерите, издавачите на печатени медиуми и операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, мониторингот на изборното медиумско известување за претседателските избори, изречените мерки-јавна опомена, меѓународните активности.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе