Мониторинг на известувањето на националните телевии

АВМУ: Телевизиите не го прекршија Изборниот законик, ама имаат нејасни - хибридни жанрови во прилозите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) констатира дека националните телевизии во известувањето за локалните избори не ги прекршиле одредбите од Изборниот законик. „Но во ТВ-дневникот на одредени телевизии се појавуваа и прилози реализирани низ нејасни, хибридни жанровски облици, спој од - информирање и обиди за резиме, за антиципација и за анализа на посложени општествени појави, при што, во некои од таквите случаи немаше ни јасно одвојување на партиските од професионалните редакциски гледишта", констатира Агенцијата.

„Во дневноинформативните емисии, медиумите најчесто ги обработуваа актуелните теми низ вести (во низа) и низ извештаи, јасно структурирани и со проверливи извори на информации“, додава Агенцијата.

За тековните активности околу изборниот процес, медиумите главно известуваа во професионално структурирани информативни жанрови, но сепак, не изостанаа и секојдневните прилози што го проследуваат ривалитетот меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

„Притоа, забележлива е и практиката да се 'цитираат' искази од социјалните мрежи, кои сами по себе често се или нерелевантни или непроверливи, ни во информативна, ни во фактографска смисла, посебно со оглед на тоа што се издвоени од нечија адреса со Интернет-прекар/псевдоним“, нотира Агенцијата.

Единствено МРТ 1 и ТВ 24 Вести обезбедија известување на знаковен јазик за лицата со оштетен слух и на тој начин ја исполнија обврската од членот 75 став 1 од Изборниот законик.

„ТВ Алфа, ТВ Сител и ТВ Канал 5, реализираа повеќетематски интервјуа со лидери/претставници на политички партии, аналитичари на изборниот процес, некои од независните кандидати за градоначалници на Скопје, во однос на амбициите за кандидатурата и за можните партиски афилијации. Интервјуата главно беа реализираа во засебни актуелноинформативни целини, со исклучок на ТВ Сител која интервјуата ги смести во рамките на централниот ТВ-дневник, па споредбено, оттаму и значителната, дури повеќечасовна разлика во минутажата посветена на Локалните избори“.

Во извештајот, базиран на мониторинг спроведен од 7 до 31 август, е анализирана 24-часовната програма на првиот телевизиски програмски канал на Јавниот сервис - МРТ1 и на шест комерцијални телевизии на државно ниво кои имаат просечен неделен досег над 10% - ТВ 24 Вести, ТВ Алсат-М, ТВ Алфа, ТВ Канал 5, ТВ Сител и ТВ Телма.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе